Култура Македонија Новости Топ Вести

Јубилеен 60. пат на Галичката свадба,

Од 14 до 16 јули, по јубилеен 60. пат ќе се одржи Галичката свадба, а годинашни младоженци се Елисавета Булоска и Оливер Андреевски.

„Шеесет години традиција, 60 години радост за враќање во родниот крај, 60 години Галичка свадба – историскиот мост меѓу минатото и сегашноста. Галичка свадба е повеќе од обичен настан. Таа е вистинско патување низ времето, магичен момент кога се спојуваат генерациите и се пренесуваат обичаите што ги чуваме со голема почит“, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Традиционално, почетокот на свадбата ќе биде означен в сабота со поставувањето на свадбарскиот барјак и со симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа ќе бидат изведени познатите свадбарски ритуали „Пречек на тапаните“ и „Свекрвино оро“ и ќе се одигра „Тешкото“.

Венчавањето ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *