Култура Македонија Новости Топ Вести

Самостојна изложба на Ана Трајковска во Струга

Изложбата насловена „Тоа е што е“ на Ана Трајковска ќе биде поставена во Струга, во локалот „На Струга дуќан“, вечерва, во 18 часот.

Aна Трајковска е дипломирана графичарка во класата на Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставрација. Трајковска магистрира на истиот факултет во 2021 г., кај професорот Зоран Јакимовски, на насоката графика.

Главно насочена кон графиката како медиум и различните можности што може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника и интегрирајќи ја со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од нејзиното традиционално восприемање. Таа има освоено награда од ДЛУМ за изложбата „Нови енергии“, добитник на награда за најдобра графика од Агенција за млади и спорт. Oва ѝ е петта самостојна изложба.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *