Македонија Новости Топ Вести

Апасиев: Управните судијки се повикаа на одредба укината пред 17 години за да го заштитат Џафери

  • Мината година Политичката партија Левица поднесе иницијатива за референдум која се однесуваше на т.н. француски предлог за бугаризација на Македонија, но истата спротивно на Уставот и законите како и на Деловникот за работа на Собранието на РМ, претседателот Талат Џафери беше „фрлена“ во фиока и никогаш спроведена. Поради ова, иницијаторите за овој референдум од Левица поднесоа тужба до Претседателот на собранието, но Управниот суд ја одбил, повикувајќи се на непостоечки законски одредби, кои биле укинати пред 17 години. Ова го соопшти лидерот Апасиев.

– Управните судијки Дитурије Елези Незири + Ана Герасимовска + Даниела Антовска ми ја отфрлиле тужбата против Собранието на РМ (и неговиот претседател Талат Џафери) и се прогласиле за ненадлежни – повикувајќи се на чл. 67, ст. 3 и 4 од Законот за референдум.

И сè би било ОК, арно ама, баш тие законски одредби се непостоечки во нашиот правен поредок, затоа што Уставниот суд нив ги укина уште во 2006 година! Значи, и после 17 години, кутрите судијки не знаат кои одредби се во правна сила, а кои не!? И овие ликови ни делат „правда“ у Севернава.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *