Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите што континуирано се објавуваат по медиумите, уште минатата недела отворило предмет по допрен глас во врска со купопродажбата на ТЦ „Соравија“, објави Алсат.
Фирмата „Тхор Индустри“ на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и албанската Па-Вла-Ку го превзедоа трговскиот центар „Соравија“ со, како што кажаа на прес конференција, отплаќање на долгот што го има оваа компанија од 20 милиони евра.
Предметот е распореден кај јавен обвинител кој ќе постапува и ќе достави соодветни поднесоци до институциите надлежни да ги испитаат финансиските текови (Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи).