Зошто Ковачевски молчи за криминалите на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВМРО-ДПМНЕ
Димитар Ковачевски молчи за криминалот на неговиот коалициски партнер Али Ахмети и кланот Зајас, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски бега и не смее збор да изусти за тоа како Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети кои ја формирале компанија „Хелиос“ , и сопствената банка ја известиле дека ќе градат фотоволтаична централа, како и дека имаат дозвола од страна на државните институции и дека планираат јавно приватно партнерство за централата е изградбата на фотоволтаична централа од 60МW во Кичево, вредна 35 милиони евра.
Без одобрување и поддршка од Ковачевски и Ахмети никој не може да даде усмена гаранција дека нивниот бизнис ќе биде реализиран и тоа со финансиска помош од владата на СДС и ДУИ.
Зошто Ковачевски молчи? Дали фотоволтаичната централа треба да се гради со панели од Пиксле груп, формирана од него? Дали заради интерес Ковачевски молчи и го аминува криминалот на кланот Зајас?
ЈПП за изградба на фотоволтаична централа дава владата, Кланот Зајас не може без Ковачевски да ја реализира замислата. Дали Ковачевски е соучесник во бизнисот, затоа што и тој има интерес од сето ова?
Ковачевски е директен учесник во криминалиите на ДУИ и Ахмети.
Ковачевски се плаши да побара одговор и одговорност за Ахмети и ДУИ, бидејќи и тој е целиот во криминал.
Али Ахмети и Димитар Ковачевски се најголемите криминалци.
ДУИ 22 години ја пустоши државата. ДУИ мора да замине во опозиција и да одговара за сиот криминал.
На граѓаните не им треба премиер како Ковачевски кој го аминува криминалот на ДУИ и Ахмети и кој нема храброст јавно да зборува за криминалиите на Ахмети и ДУИ, само за да опстои на власт и да ги ужива бенефитите на функцијата“, се вели во соопштението.