Фирмите на внукот на Али Ахмети покрај тендери добивале и пари од фондот за иновации. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово на трибната посветена на корупцијата и криминалот објави дека фондот за иновации кој го води функционер на ДУИ на внукот на Ахмети му префрлил значителна сума на пари.
Дополнително во медиумите беше објавена слика на која директорот на Фондот Фестим Халили може да се види во кафеана во друштво на семејството Ахмети.
На трибината на опозицијата беше констатирано дека правосудниот систем е веќе колабиран и дека ниту еден граѓанин веќе нема никаква доверба во него
Покрај случајот Ахмети, владините редови сериозно ги тресе и случајот Мерко. Вчерашниот нов повик на премиерот, кој од собраниската говорница му порача на Мерко да си поднесе оставка, очигледно не стигнал до Струга. Во ДУИ велат, Мерко е избор на граѓаните на Струга
На Бихаќка имаат друга тема. Вчерашната акција на обвинителството според нив е доволна за Мицкоски да си поднесе оставка.
Од СДСМ се на ставот дека вчерашниот случај бил доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија.