Македонија Новости Топ Вести

Закажани продолженија на три пленарни седници

Собранието денеска треба да одржи продолженија на три пленарни седници и тоа на 95-та, на 111-та и на 115-та. Од дневниот ред на 95-та седница неразгледани се останати повеќе точки.

Меѓу нив се ратификациите на договорот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија за учеството на Република Северна Македонија во „Царините“ Програма на Унијата за соработка во областа на царините, на Протоколот за изменување и дополнување на Договорот помеѓу Страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила, на Договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан, како и на Референтниот документ за домашна регулатива во услугите со Листа за измена на Листа на специфични обврски во услугите и на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на полето на трудот, 2019 (C 190).

На оваа седница е и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година. На дневен ред на 115-та седница се заостанати исто така повеќе закони и годишни извештаи.

Пратениците треба да ги разгледаат Предлог на закон за ратификација на Договорот за правниот статус на мисиите и претставниците на трети држави при Организацијата на Северноатлантскиот договор, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, Предлог на закон за изменување на Законот за фитофармација, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, и Предлог на закон за изменување на Законот за Oперативно – техничка агенција, сите по скратена постапка и други закони.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *