Ковачевски: Патувањата на членовите од моето семејство не се на товар на државниот буџет
Трошоците за патувањето на моите деца не се на товар на државниот буџет, истакна премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање кој ги платил трошоците за патувањето во САД на сопругата на премиерот Димитар Ковачевски и на неговите деца?
-Мојата сопруга ме придружува на патувањата за кои има покана, каков што беше случајот со посетата на САД, односно според протоколот и поканата. Што се однесува до трошоците за моите деца, за нив не е потрошен ниту еден дена од државниот буџет. Моите деца имаат право да патуваат како и секој друг граѓанин од државата. Ако треба и за нив да поднесам копии од сметките ќе го сторам тоа – додаде премиерот.
Претходно, Ковачевски се осврна на важноста на оваа посета на САД, кое го оцени како исклучително важно и успешно, набројувајќи ги средбите не само високите американски државници, туку и со нашинците кои живеат во САД.