Култура Македонија Новости Топ Вести

Стиховите од “Дениција” на Петре М. Андреевски ќе го облагородатат Собранието за денот на Македонскиот јазик

Фасадата на зградата на Собранието за 5-ти мај ќе биде основа за најубавите поетски стихови и прозни мисли напишани на македонски јазик.

На денешната генерална проба можеа да се прочитаат стиховите на Петре М. Андреевски

„Кога ја љубев Дениција,

како да учествува во создавањето

на првата македонска држава“.

Стиховите се дел од антологиската збирка песни „Дениција“ на Андреевски која во културното наследство е запаметена како едно од најубавите дела посветени на љубовта, а напишани на македонски јазик.

5-ти мај е ден на македонскиот јазик, а Собранието е една од локациите која ќе служи за промоција на најпознатите стихови и мисли  создадени на македонски во чест на овој ден.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *