Македонија Новости Топ Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го поништиме договорот со Бехтел и Енка

Артан Груби, уште еднаш потсети дека блокирањето на македонската опозиција за изградбата на коридорите 8 и 10Д, ќе ја чинат државата десетици милиони евра повеќе и ќе го одложат уште повеќе рокот за изградба.

Уште еднаш да потсетам: Опозицијата, ВМРО и Левица, со блокадата на законите во Собранието ќе ја чини државата над 150 милиони евра и две години залудно потрошено време. На ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот, можат само да го поскапат и да го одложат завршувањето на автопатите. Дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо, зависи од пратениците“, вели Артан Груби.

Според портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, првиот вицепремиер Груби признава дека и со потпишениот договор од владата ДУИ – СДСМ ќе се платат пенали. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека доколку тие дојдат на власт или ќе го поништат договорот или ќе ги завршат автопатите според законите и Уставот.

На овој начин, според Стоилковски, ќе се одложи времето за изградба но и вкупната сума поради, како што вели, катастрофалниот договор и криминалните обврски преземени од Владата. Од друга страна Груби, во денешната објава уверува дека сите права и обврски предвидени со законот за работни односи и другите закони ќе бидат испрочитувани до крај.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *