Култура Новости Топ Вести

Протест на вработените во Филхармонија пред Министерството за култура

  

Во 12.30 часот вработените во Македонската филхармонија ќе протестираат пред Министерството за култура по одлуката новоформираната национална институција Џез оркестар на Македонија привремено да биде сместена во објектот на НУ „Филхармонија“.

„Министерството за култура оваа одлука ја донела без никаква консултација со институцијата, што е е крајно поразително и деградирадирачки“, се вели во соопштението на синдикатот на Македонската филхармонија.

„Изминативе недели, нашиот глас, за жал не допре ниту до Министерството за култура, ниту, пак оттаму покажаа елементарно разбирање за суштинските проблеми кои ќе настанат доколку оваа одлука остане непроменета. Иако дел од стручната и пошироката јавност укажаа на последиците од носењето на оваа одлука, Министерството за култура до сега, не појави интерес за решавање на проблемот.

Бидејќи неправедно сме ставени во ситуација да се браниме од оние кои треба да ја заштитат нашата културна институција – најстара во земјава, одлучивме нашето незадоволство да го изразиме преку мирни протести кои ќе се одржуваат дo конечната промена на оваа одлука“, се вели во соопштението на СО Македонска филхармонија при СКРМ.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *