Македонија Новости Став Топ Вести

Ванковска: Жестоко ќе ја водиме правната битка

Кандидатите за претседател во Државната изборна комисија вчера потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

Професорката Билјана Ванковска, како кандидатка за Претседател на Република Македонија изјави:

,,Јас ќе го потпишам овој Кодекс, го сметам ова за протоколарен чин. Меѓутоа во ова парче хартија не верувам. Ова е празно слово на хартија.

Во земја во која не се почитува Устав и закон ние тука убави зборови ќе кажеме дека кампањата ќе биде на високо морално и политичко ниво.

Но, она што се случува на терен е различно, Прво кампањата е почната, кампањата е веќе фаворизирана.

Јас поднесов претставка пред Уставниот суд, а денес овластивме адвокат кој ќе покрене судски постапки против ДИК и АВМУ. Се работи за дискриминаторската распределба на она малку време што го имаме за претставување пред граѓаните.

📑 Лично како професор и кандидат ќе ги почитувам стандардите, но правната битка ќе ја водиме жестоко”

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=287&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FPartijaLevica%2Fvideos%2F937167867897758%2F&show_text=false&width=560&t=0

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *