Македонија Новости Топ Вести

Милен Врабевски отвори ново здружение во Битола

Бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски отвори здружение во Битола. 

Битолчани со бугарска самосвест отворија ново здружение во Битола, именувано како „Балкански мост“. Новото здружение, според неговите активисти, било фокусирано на културата, образованието и традицијата и во овие празнични денови е прилично активно со донации, а било дел од вмрежување на исти вакви клубови во Албанија и други балкански држави.

Претседател на новото здружение е битолчанецот Љупчо Јошевски, вработен во РЕК „Битола“, досега неекспонирана личност во јавноста, и не се поврзува со членовите на сега згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“.Пејачот Ламбе Алабаковски кој беше обвинет за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола во септември 2022 година доби условна казна затвор од шест месеци. Бугарски клуб беше отворен и во Охрид и тој неколку пати беше вандализиран. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *