„Златна лира“ 2023: Концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска
Во рамки на фестивалот „Златна лира“ вечер концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска. Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба, со почеток во 20 часот.
Дуетот ќе настапи со дела од Шуман, Сен-Санс, Лутославски, Ковач, Берксон и Шаловски.
Ристо Ѓоревски додипломските и постдипломските студии по кларинет ги завршува на ФМУ во Скопје (класа на проф. Иван Кочаров). Во текот на своето образование забележува бројни настапи како на концерти така и на државните натпревари по кларинет и камерна музика. Во 2015 година како дел од „Дуо кларинети“ Ѓоревски-Бакревски ја освојува Сребрената плакета на натпреварот „Свирел“ во Словенија, во категоријата камерни состави.
Минатата година Ристо Ѓоревски ја доби наградата „Златна лира“ за врвни остварувања во текот на една година.






