Премиера на „Хамлет“ во режија на Бранко Брезовец во прилепскиот театар
На сцената од народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, вечер од 20 часот, ансамблот на театарот премиерно ќе ја изведе претставата „Хамлет“ според Вилјам Шекспир во режија на Бранко Брезовец.
Претставата секој агол од прилепскиот театар ко претвора во драмска сцена. Нагласени се конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда,. „Хамлет“ на режисерот Бранко Брезовец се труди и да биде и да не биде наш современик и современик на нашиот театар.
-Хамлет можете да го гледате од најразлични аспекти. Можете да ги критикувате неговите неамбизиозност и неактивност или можете тоа да го пофалите. Овде е обидот сето тоа да се покаже во сите свои скокови и со сите свои можности. Тоа за луѓето кои очекуваат цврста карактерност на ликот, може да им се чини необично, рече режисерот Брезовец на синоќешната прес-конференција.






