Вархеи: ЕУ ќе излезе со „значајни предлози“ за проширувањето во октомври Вархеи
Според плановите на Европската комисија би се зголемиле претпристапните фондови на ЕУ за кандидатите и обезбедување ран пристап до одредени области на политиката на блокот
Проширувањето на ЕУ до 2030 година е остварливо, но само доколку кандидатите и самиот блок ги „удвојат своите напори“, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеи за „Еурактив“, додавајќи дека Европската комисија планира да даде „суштински предлози“ во октомври.
„Прашањето отсекогаш било: Дали сакаме да го направиме тоа? И првпат слушам од Европскиот совет дека сакаат да го направат тоа – тоа е добредојден развој“, рече Вархеи за на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Толедо, Шпанија.
Неговите коментари уследија откако претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел претходно минатата недела предложи дека Западен Балкан и другите земји кандидати за ЕУ, како и ЕУ треба да бидат подготвени за проширување до 2030 година.
Запрашан дали целта на Мишел за 2030 година ќе биде остварлива, Вархеи рече дека „сè е изводливо она што ние како ЕУ сакаме да го направиме“, но нагласи дека не треба да се инсистира на одредена временска рамка.
„Не мислам дека станува збор за датуми. Тоа е прашање на (политичка) волја и прашање на испорака. Испорака од страна на ЕУ, но и испорака од страна на нашите партнерски земји од Западен Балкан или другите три земји кандидати (Украина, Молдавија и Грузија)“, рече шефот на ЕУ за проширување.
„2030 е секако остварлива, но за да се случи тоа значи дека сите ние – сите институции на ЕУ, сите земји-членки и сите земји кандидати – ќе мора да ги удвојат своите напори за да стигнеме таму“, рече тој.
Вархеи најави дека во октомври, кога Европската комисија се очекува да ги претстави своите годишни извештаи за напредокот на сите земји во процесот на пристапување на блокот, извршната власт на ЕУ ќе излезе со „суштински предлози“.
„Подготвени сме да излеземе дури и со храбри предлози – нови – и со нови идеи“, рече Вархеи.
Според Вархеи, плановите првенствено ќе вклучуваат „План за раст“, кој веќе го претстави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во мај, со кој ЕУ се обидува да ги зголеми инвестициите во Западен Балкан, исто така, за да го олесни економското влијание на војната во Русија. на Украина.
„(Овој план) ќе ја забрза не само институционалната, туку и вистинската интеграција на тие земји во ЕУ“, рече Вархеи.






