Македонија Новости Став Топ Вести

Три изложби посветени на животот и делото на Мајка Тереза

Во Спомен куќата на Мајка Тереза – Скопје денеска ќе бидат отворени три изложби посветени на животот и делото на Мајка Тереза – „Мирот започнува со насмевка“, „Наследството на Мајка Тереза“ и „Апостолот на мирот и љубовта преку зборовите на познатите“.

Изложбата „Мирот започнува со насмевка“ е составена од фотографии и инспиративни мисли на Мајка Тереза,
која преку нејзините пораки потсетува на значењето на љубовта, човечноста и грижата за другиот, започнувајќи од еден едноставен, но моќен гест – насмевката.

Автор на изложбата „Наследството на Мајка Тереза“ е Патриција Морено Руиз – Олалде, новинарка и волонтерка во
редот на Мисионерките на љубовта. Преку 29 фотографии и придружни текстови, изложбата го претставува нејзиното лично волонтерско искуство и сведоштвата од центрите раководени од сестрите Мисионерки на љубовта.

Изложбата „Апостолот на мирот и љубовта преку зборовите на познатите“ содржи фотографии на Мајка Тереза со значајни личности од современата историја, меѓу кои папата Јован Павле II, кралицата Елизабета II, принцот Чарлс, Далај Лама, Јасер Арафат и принцезата Дијана. Фотографиите се проследени со нивни мисли и сведоштва посветени на Мајка Тереза и нејзиното дело.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *