Николоски до Тренческа: Сѐ уште најголем дел од судскиот и обвинителскиот совет се контролирани од Зоран Заев
Тој додаде дека, според него, СДСМ нема кредибилитет да зборува за политички прогон, обвинувајќи дека илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ биле предмет на постапки.
„Три илјади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ставивте под прогон. Луѓето уште не можат на себе да дојдат. Сменивте обвинители и формиравте СЈО кое заврши како што заврши, со торба со пари“, рече Николоски.
Вицепремиерот Александар Николоски во реплика на наапаната пратеничка на СДСМ Јована Тренчевска ја обвини претходната власт дека го контролира правосудството и ги штити партиски кадри.
„Претходниот обвинител доби година и пол, ставаше случаи во фиока, не решаваше предмети, не постапуваше и ги штитеше вашите пријатели од поранешното раководство на СДСМ. Кога зборуваме за контрола, сѐ уште најголем дел од судскиот и обвинителскиот совет се контролирани од Струмица, од Зоран Заев“, изјави Николоски.
Тој додаде дека, според него, СДСМ нема кредибилитет да зборува за политички прогон, обвинувајќи дека илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ биле предмет на постапки.
„Три илјади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ставивте под прогон. Луѓето уште не можат на себе да дојдат. Сменивте обвинители и формиравте СЈО кое заврши како што заврши, со торба со пари“, рече Николоски.
Во репликата, тој изнесе и тврдења дека постоеле обиди за, како што рече, политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ: „Оваа што е генерален секретар на НАТО (Радмила Шекеринска) целта и беше со судска одлука да го затвори ВМРО-ДПМНЕ и да го прогласите за терористичка организација“, потести вицепремиерот Николоски.






