Лидерката на ЛДП Моника Зајкова го отвори прашањето за легализацвија на канабисот во македонија за да нема ситуации како ова што се случува сега.
„Јас искрено веќе немам доверба зашто не се прави легализацијата. Што сме направиле ние? Добро се сеќавам дека сме ги правеле измените и заглавија во Комисијата за здравство, што тогаш беше предводена од ДУИ. И тогаш веднаш почна да се спинува дека сите ќе станат подложни на опијати, на наркотици“, изјави Зајкова во гостување на А1он.
„Да бидам искрена, мислам дека не се сака да се реши ова прашање затоа што на сите тие им одговара сѐ ова да поминува на црниот пазар, бидејќи на крај профитот веројатно завршува во нивните џебови. Може да биде различно ако се легализира“, вели Зајкова и како примери ги посочува Холандија, Белгија, Шпанија, каде што постои одредена регулација, граѓаните имаат одредено право и за рекреативна употреба и можност за одгледување до одреден број на стебла.
„Меѓутоа сето тоа е контролирано од државата и на крај бенефит има исклучиво државата. Всушност и кога се започна со работните групи беше повеќе да се направи во туристички места, како што е Амстердам и слично, за да се покрене угостителството и слично. Меѓутоа очигледно некој не сака да се заврши тоа во државата, туку му одговара вака да го дистрибуира на црниот пазар. И сега ние правиме од сето тоа нели приказни, колку се успешни акциите и секој ден билтените ни се полнат“, вели претседателката Зајкова.





