Македонија Новости Топ Вести

Закажан почетокот на судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Почнува судскиот процес за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. По осум месеци од апсењето на 30ти јули во судница седнуваат обвинетите за да се соочат со аргументите на Јавното обвинителство.

Ваквиот епилог доаѓа откако Кривичниот суд Скопје пред два дена информираше дека се одбиени како неосновани приговорите на одбраната на обвинетите и обвинителниот акт се прифаќа во целост.

Судскиот процес ќе го води судијата Ивица Стефановски, истиот судија кој го водеше процесот за убиството на момчињата кај Смилковското Езеро, познат како „Монструм“.

Во однос на постапката против првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски – Палчо, од Кривичен суд велат дека се уште е во фаза на обвинителска истрага.

Обвинението беше поднесено на 31 мај против три лица за по две кривични дела убиства и грабнување, како и против таткото на 14-годишното девојче, кој се гони за помагање во грабнувањето.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *