Еден од најдобрите европски кларинетисти Маестро Благој Ламњов, на својот ФБ профил го најави својот концерт кој на трети јуни ќе се оджи во неговиот роден Велес. На концертот ќе настапи со шведскиот гитарист Петер Тегнер кој специјално за концертот за првпат доаѓа во Македонија. Во неговиот ФБ статус интегрално се вели :
Драги пријатели,
Конечно мојот прв самостоен концерт во Македонија.
– 3-ти Јуни во 20:00 ч.
– Театар Ј.Х.К Џинот во Велес.
– Билети:
Билетите ќе се пуштат во продажба на 15 Април на билетара во театарот во Велес и на интернет на карти.ком.мк . Секој од вас е подеднакво добредојден. Со цел никој да не се почувствува дискриминиран, резервации на карти преку телефон нема да има за никого. Продажбата на билети ќе биде отворена јавно на 15 Април и секој од вас е добредојден и подеднакво важен.
– Ќе бидам придружуван од Шведскиот гитарист Петер Тегнер Peter Tegnér кој за прв пат доаѓа во Македонија.
Ќе имаме и мали изненадувања со гости.
– Ќе свириме музика од мојот албум Nostalgic Love и мали музички изненадувања кои сите вие ги познавате.
– Тие што ќе дојдете од други градови, паркиралишта има на главната улица пред театарот.
Добре дојдовте !
Blago J – Nostalgic Love






