Со германскиот претставник допатува и специјалниот претставник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш
Патот кон ЕУ, уставните измени и Планот за раст денеска беа тема на разговор на вицепремиерот за европски прашања со двајца специјални претставници за Западен Балкан – Мануел Сарацин на Германија и Анжеј Франгеш на Словенија.
„Заедничката детерминираност на Македонија и државите од Западен Балкан за влез во ЕУ како и постојаната силна поддршка од нашите партнери е гаранција за напорите кои ги вложуваме и овозможуваат успешно изодување на патот кон ЕУ“, истакнал Маричиќ на средбата, соопшти СЕП.
На средбата е потврдено заедничкото пријателство и поддршката за напредокот кон ЕУ од двете пријателски земји, Словенија и Германија на Македонија, се вели во соопштението.