Седумте судии што минатата недела беа избрани за претседатели на судови денеска потпишаа свечени изјави во Судскиот совет.
Тоа се судиите – Бесник Авдија, кој е претседател на Основниот граѓански суд Скопје , Татјана Петровска, која епретседател на Основниот суд Битола, Билјана Толова од Основниот суд Неготино, Флутурије Дервиши од Основниот суд Кичево, Орце Јанковски од Основниот суд Крива Паланка, Јасмина Шишковска Стојковиќ од Основниот суд Прилеп и Ацо Тасев Основниот суд Штип .
Дел од судиите, односно судијките Јасмина Шишковска и Флутурије Дервиши и судијата Бесник Авдија, претходно ја извршуваа функцијата в.д. претседатели на конкретните судови.





