Македонија Новости Топ Вести

Одобеску повика да се искористи шансата за влез во ЕУ


И Романија, преку својата министерка за надворешни работи, Луминица Одобеску  повика Македонија да ја искористи шансата за интеграцискиот пат во ЕУ и да ги донесе, како што рече, потребните одлуки.

Одобеску рече дека Романија верува дека само преку заедничка заложба и силен национален консензус за потребните реформи, Македонија што поскоро ќе ги донесе потребните одлуки и ќе го забрза патот кон ЕУ. Таа упати честитки за, како што рече, извонредните напори што ги прави земјава во изминатите години спроведувајќи тешки реформи.

„Неодамнешната оценка издадена од ЕК како дел од овогодинешниот пакет за проширување го потврдува ова“, рече шефицата на романската дипломатија.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *