Варшава не сака да се исклучи консензусот при одлучувањето, а ЦДУ вели дека датумот 2030 не треба да се одредува, зашто преговорите за членство можеле да траат и со децении
Варшава не сака да се исклучи консензусот при одлучувањето, а ЦДУ вели дека датумот 2030 не треба да се одредува зашто преговорите за членство можеле да траат и со децении
Членовите на германската коалициска влада ги поддржуваат експертските препораки за проширување на ЕУ поради предупредувањата за геополитички ризици од одложување на приемот на нови членки. Но, противењето на Полска на реформите во ЕУ, кои Берлин и Париз ги сметаат за суштински за процесот, може да стави пречки на патот, оценуваат експертите.
Експертската комисија, со која претседаваат европските министри на Германија и Франција, објави извештај минатата недела, во кој се тврди дека проширувањето до 2030 година е од суштинско значење, во кој се сугерира збир на широки реформи на ЕУ кои треба да се завршат при подготовката.
Германските пратеници ги поздравија предлозите, нагласувајќи ја опасноста од одложување.
„2030 може да биде година на проширување доколку сите страни ги спроведат потребните реформи“, изјави за „Еурактив“ Кристијан Петри, пратеник и портпарол на владејачката СПД за европски прашања.
„Статус-кво не е стабилно“, предупреди тој, повторувајќи ја раната реакција на Зелените, помал партнер во германската тристрана коалиција.
„Пристапувањето на новите членки е во интерес на ЕУ и ќе ја направи посилна, постабилна и побезбедна“, изјави минатата недела Шантал Копф, портпаролка на Зелените за европски прашања, додавајќи дека „европските и демократските институции се на удар. повеке од кога било“.
Предупредувањата се усогласени со новиот извештај што ќе биде објавен во вторник од Центарот за европска политика (ЦЕП), независен тинк-тенк, кој го виде „Еурактив“.






