Македонија Новости Топ Вести

Николоски: И да има уставни измени за шест месеци ќе следи ново бугарско вето


Доколку пројдат уставните измени под бугарски диктат, а нема да пројдат, ве уверувам дека за најмногу шест месеци потоа ќе следи бугарско вето заради работата на Историската комисија, која е дел од преговарачката рамка, порача вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Нагласи дека преговорите во Историската комисија се „како да се преговара со пиштол на чело“ и додаде дека бугарскиот дел од Комисијата само доставува мислење за одреден дел од историјата и му порачува на македонскиот прифатете или не.

-Досега во преговорите во Комисијата нема ништо екстремно заради тоа што има луѓе со интегритет во македонскиот дел од комисијата, но кога ќе почнат преговорите со ЕУ од бугарскиот дел на комисијата ќе им речат или прифатете го ова или следи вето, рече Николоски во интервју  за „360 степени“ на МРТ 1.

Тој, во интервјуто сподели материјали за кои тврди дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и уште едно лице. Притоа, Николоски покажа уесбе, за кое тврди дека е она што деновиве го спомнуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а сподели и три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од уесбето.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *