Предлог декларација по повод 120 годишнината од Илинденското Востание и Крушевската Република, денес во Собрание
Предлог на декларација по повод сто и дваесет годишнината од Илинденското Востание и Крушевската Република, е на дневниот ред на денешната 125. седница на Собранието на Република Македонија.
Пратениците ќе дискутираат и по Предлогот за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност и Предлогот за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, се
На агендата се и Предлог законите за ратификација на изменетата Спогодба за јавни набавки (2012) со Одлуката од Комитетот за јавни набавки на Светската трговска oрганизација за пристапување на Република Македонија кон изменетата Спогодба за јавни набавки (2012) и на Шестиот дополнителен Протокол кон Спогодбата за мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа.
Како што е најавено, пратениците треба да расправаат и по предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите и на Законот за Развојната банка на Македонија, по скратена постапка.