Македонија Новости Топ Вести

Средба Ковачевски-Мишел во Блед: Да се искористи неповторливата шанса

Македонскиот премиер ќе има обраќање на лидерскиот панел, а потоа и билатерални средби со специјалните претставници за Западен Балкан на ЕУ и на Обединетото Кралство


Посветеноста и поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Северна Македонија е исклучително важна во дадениот момент, за што е јасно упатена пораката од страна на ЕУ, за важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени, за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата, било истакнато на вечерашната билатерална средба на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Блед. 

-Двајцата соговорници  се согласија дека уставните измени претставуваат единствена и неповтролива шанса за напредокот и просперитетот на Северна Македонија во рамки на ЕУ. Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан, а особено во делот на економски развој како на земјата, така и на регионот, соопшти владината прес-служба. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *