Македонија Новости Топ Вести

Што понатаму со уставните измени?

Внесувањето на Бугарите во Уставот е услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија


Дискусијата за измена на Уставот на првата пленарна седница која е за т.н. отворање на највисокиот правен акт, со цел да се изгласа потреба од негова измена, со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во Преамбулата, вчера заврши за три часа. Гласањето е одложено до обезбедување на потребното двотретинско мнозинство.

Согласно деловникот, расправата може најдолго да трае до 10 дена, но нема рок кога мора да се гласа. Тоа значи дека гласањето може да се се случи и на крајот од овој состав на парламентот, односно пред распуштањето заради редовни парламентарни избори. Предлогот за уставни измени нема да важи доколку Собранието се распушти и не бидат донесени уставните измени. Потоа доколку новата влада има желба за уставни измени, ќе мора повторно како предлог да ги достави до Собранието, а тоа да ги стави првично на комисија и потоа  на редовна пленарна седница. 

Собранискиот спикер, Талат Џафери, не е временски ограничен кога ќе мора да го закаже продолжението на седницата. Ова значи дека можат да поминат и месеци. Крајниот рок, кој го кажа претседателот на државата, Стево Пендаровски е до крајот на ноември. До тогаш на сила треба да стапат промените и гласањето да биде успешно. Во спротивно, скринингот од ЕУ завршува на 1. декември и приказната е завршена.

Власта со порака дека гласот за уставните измени е глас за европска иднина на државата. Опозицијата пак, која не учествуваше во дебатата, незадоволна што не беше прифатено нивното барање предлогот да се стави веднаш на гласање, го повтори ставот дека уставни измени под диктат нема да има, но предвремени парламентарни избори мора да има. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *