Македонија Новости Топ Вести

Пензионерите на протест, бараат линеарно покачување на пензиите за живот, а не за голо преживување

Пензионерите од Кавадарци, Кочани, Кичево, Берово и Делчево, денеска излегоа на улица и се приклучија на барањата на пензионерите од другите градови за линеарно наместо процентуално зголемување на пензиите и за утврдување систем на најниска пензија која ќе изнесува 80% од минималната плата во земјата. На протестот на Здружението на пензионери од Кочани денеска на протест денес беше соопштено барањето зголемувањето на пензиите од септември да биде линеарно, односно во апсолутен износ од по 3.500 денари.

На протестот во Кочани беше нагласено дека во овој град има над 6.200 пензионери, а со процентуалното покачување од 6,8 отсто повеќе од половината од нив кои земаат пензија под 15.000 денари, ќе бидат ставени во многу неповолна состојба бидејќи зголемувањето нема да го почувствуваат. Членовите на Здружението на пензионери од Кочани, исто така, најавија дека ќе формираат посебно тело кое ќе го координира протестот и заедно со колегите од другите градови ќе работат на исполнување на барањата.

И во Кичево денеска членовите на Здружението на пензионери организираа протест на кој побараа наместо најавеното процентуално, зголемувањето на пензиите од септември да биде линеарно, односно во апсолутен износ од по 3.500 денари.

Пензионерите од Кавадарци денеска, се придружија на протестите  собирајќи се пред седиштето на пратениците од овој град, но не успеаја да им ги соопштат нивните барања кои покрај линерано зголемување на пензиите од септември бараат и да се утврди најниска пензија од 18.000 денари.

Својот револт против недоволното покачување на пензиите го изрази денес и група пензионери од Берово и Делчево. Пензионерите од Берово истакнаа дека се револтирани поради минималното покачување кое го окарактеризираа како срамно, напоменувајки дека цените енормно растат, а тие се исти за секој пензионер без оглед дали некој има приход од 10, 13 или 30 илјади денари.

Слична порака на денешниот протест упатија и пензионерите од Делчево, кои побараа од Републичкото здружение на пензионери за линеарно покачување на пензиите.

„Сите пензионери во цела Македонија не сме задоволни од нашите лични пензии. Администрацијата, судиите можеа да си ја покачат платите за 78 посто, а пресметајте колку е 6 посто на пензионери со 10 илјади денари. Бараме претседателката од Скопје да инсистира линеарно да се покачи пензијата по 2500 денари, оти колку се трошоците за едните толку се и за другите“, истакнаа пензионерите од Делчево.

Од Здружението на пензионери од Кочани најавија дека ќе формираат посебно тело што ќе го координира протестот и заедно со колегите од другите градови ќе работат на исполнување на барањата.

Протест вчера одржаа и пензионерите од Прилеп кои порачаа дека најавеното зголемување на пензиите од 6,8 проценти е недостоинствено и дека пензионерите се чувствуваат како граѓани од трет ред.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *