Македонија Новости Топ Вести

Миле Јанакиевски спроведен во Идризово


Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е спроведен на издржување на затворската казна за случајот „Титаник“.

„Судија за извршување санкции има издадено наредба за спроведување на правосилно осуденото лице за кое прашувате од куќен притвор на издржување на казна затвор со оглед дека обвинетиот веќе бил во куќен притвор во предметот за кој Апелација веќе донесе правосилна пресуда”,велат од Кривичен.

„Земајќи предвид што ми се случи претходно – не, но сè ќе се издржи. Важно е фамилијата да биде здрава и жива“, рече Јанакиески за „Макфакс“, на прашањето дали се чувствува безбеден во затворот во Идризово.

Прашан за здравствената состојба, Јанакиески рече дека е под седативи.

Во однос на најавите од адвокатите на Јанакиески дека ќе бараат мерките притвор што ги издржувал во сите предмети досега да се пресметаат за казната во „Титаник“, од Кривичен велат дека дополнително ќе одлучат.

„За сите дополнителни барања и други предлози на одбраната одлучува судија за извршување санкции, управата на затворот доколку се бара прекин или Врховниот суд доколку е поднесено барање за вонредно преиспитување пресуда”,додаваат од судот.

Ексминистерот Јанакиекси од Апелацискиот суд неделава доби пониска затворска казна од определената со првостепената пресуда, односно од четири години и шест месеци затвор, Апелација му ја намали казната на три години и шест месеци затвор.

Тој призна вина за речиси сите дела поврзани со изборни измами во случајот „Титаник“, освен за делото злоупотреба на средствата за финансирање изборна кампања, но подоцна обвинителството се откажа од прогон за ова дело.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *