Меџити и Алиу истакнаа дека сите точки кои биле поврзани со министерствата со кои раководат биле експресно одбиени од страна на Артан Груби
Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерва министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити. Според нив, Алијанса за Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.
Изјавата ја дадоа откако стигна информацијата дека на Владата почнале со разрешувања на кадрите што застанаа зад Арбен Таравари и дека веќе се сменети директорите на Агенцијата за странски инвестиции и на Пошта.
Како што рече Алиу, група во партијата за нивни цели кои тие не ги знаеле во моментов, се здружила со ДУИ и сака АА да оди заедно со ДУИ на изборите.






