Скандалот кој ја тресе клиниката на Онкологија во Скопје го потресе целиот македонски народ. Јави горчина во душите и болен сомнеж кај секој кој изминатиов период имал некој свој на таа клиника, но и кај оние кои имале среќа никогаш да не стапнат таму. Народот се крева на протест, најавен за утре, бидејќи морбидноста во која се сомневаат дека се случувала таму траела предолго.
Освен пациенти и здравствени работници, на таа клиника неретко се појавуваа и претставници на власта на СДСМ и ДУИ. Или се сликаа внатре или беа домаќини на директорот. Занесени од идејата да претстават пред јавноста колку се грижливи за оваа ранлива категорија на болни луѓе, никој не го видел ужасот на Онкологија. Или барем не мрдна со прст…
Минатата година, Филипче и тогашниот директор на клиниката ја пречекаа сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева која донираше перики.
За настанот информираше Зоран Заев на својот Фејсбук профил каде порача дека борбата против ракот не е само на пациентите туку на секој од нас, на институциите….
„По повод одбележувањето на Октомври како месец за борба против ракот на дојката, Зорица Заева и Д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во придружба на директорот на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија Д-р Нино Васев и вработени во Клиниката, донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат од рак на дојка на оваа клиника, посакувајќи им брзо и успешно оздравување.






