Македонија Новости Став Топ Вести

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски утре ќе се најде на собраниска седница, информираше претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите. 

Коцевски во текот на денов ќе ја добие и поканата за присуство на седницата. Разрешувањето е на предлог на Владата со образложение дека Коцевски сторил професионални грешки со кои се нарушила ефикасноста на Обвинителството.

Обвинителот Коцевски пак порача дека сето ова е само политичка одлука. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *