Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, изгледа дека е загрижен за судбината на опозицискиот СДСМ бидејќи поради едноцифрениот рејтинг постоела реална опасност партијата да не опстои по следните локални избори. Тој го обвини СДСМ за неконструктивност во процесот на евроинтеграциите и за политичка стратегија која водела кон самоуништување на партијата.
„Градиме, се бориме низ целиот свет, а тој (Венко Филипче) со една изјава вели – ‘јас прифаќам сѐ што ќе ми ставите на маса, само вратете ме на власт’. Тоа не е конструктивност, тоа е рушење. Затоа имаат едноцифрен рејтинг и мислам дека постои сериозна опасност дали таа политичка партија ќе продолжи да постои по локалните избори“, рече денеска Мицкоски по отворањето на реновираниот туристички комплекс „Македонско село“.
Тој го забележал кај Венко Филипче „предавничкиот, поданички и кодошки однос“
Мицкоски додаде дека политиката треба да биде во склад со чувствата и потребите на граѓаните, а не со „политички ќорци“.





