Македонија Новости Став Топ Вести

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

Нивните постапки, според САД, го поткопале владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси


Стејт Департментот на САД ги стави на црната листа Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и претседателски кандидат, како и Катица Јанева, поранешната специјална јавна  обвинителка. Според оценката на САД, нивните постапки го поткопале владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади.

„Во службено својство на поранешен специјален главен обвинител во Северна Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. Има веродостојни информации дека Јанева барала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност.

Во службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да има корист за себе и за неговите соработници.

Овие именувања ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво, стои во објавата.

Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот ги става на црната листа и членовите на нивното потесно семејство – двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и брачниот другар и полнолетниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *