Интелегентен, елоквентен, провокативен, реторички прецизен, лаконски перфектен, помалку безобразен и ментално надмен, Димитар Апасиев во гостувањето на Лазаров подкаст, го сруши досегашниот рекорд во гледаност што досега го „држеше“ Никола Груевски. Бројката од над 11.000 гледачи кои во живо го следеа интервјуто на Апасиев, е најголемата бројка што еден youtube поткаст го има достигнато во Македонија. Разговарајќи на разни теми од повеќе области на македонското секојдневие, истовремено нудејќи решенија преку промоција на програмата на „ Левица’ за следните парламентарни и претседателски избори, синоќешното интервју на Апасиев во подкастот „Лазаров“ отвори многу дилеми за исходот на политичката борба во таканаречената „Единица“ во која силата ќе ја измерат „тешкашите“ на македонската политичка сцена.
Според синоќешното интервју на Апасиев и интересот што тоа го предизвика кај македонските корисници на социјалните мрежи, повеќе од сигурно е дека ни претстои мошне интересна политичка пролет.
За оние што можеби пропуштија да го гледаат во живо, интервјуто може да се погледне на следниов линк:






