Rасправа за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која се очекува да се расправа за Утврдување предлог-листа за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Собранието на Република Северна Македонија објави јавен оглас за избор на четири члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и тоа за три члена со мандат од пет години и за еден член со мандат од една година два месеца и осум дена.






