(Кој сака сите да не прогласи за убијци?)
Би кажал само нешто општо, засега. Никој да не ве лаже и подметнува дека вие (и сите ние) сме биле “на некој начин” виновни за убиствата. Токму уфрлањето на тој страничен наратив не прави прилично сомничави за целиот случај. Кој тоа сака да ни наметне таква страшна грижа на совест и да не замолкне, небаре соучесници во ужасните убиства? Или да не прогласи за латентни убијци. Кој има полза од тоа? Каква полза?
И не се катастрофа Македонците (голем дел) и за никаде, напротив добро се држат, и во овој случај и сите овие години, колку и да ви изгледа парадоксално.
Да, прости ни, Вања, но знај и дека многу прекрасни луѓе искрено се бореа и за тебе, и се борат за подобра иднина на децата на Македонија.
Не знаеме во целост што, зошто и како се случило, но смирена глава и рационална мисла се подобри од секаква поттикната хистерија. Многу нешта се чудни и нејасни, и затоа е најдобро да нема истрчување. На убиецот/убијците им посакувам доживотен затвор, а на органите на прогонот час поскоро да го фатат и да го дорасветлат целиот случај.
И вчера и денеска забележувам стари, докажани пропагандисти како меѓу редови се обидуваат да подметнат тези дека безмалку сите што вееле национални знамиња се потенцијални убијци. Не сум голем љубител на такви иконографии, но како тоа да се “инкриминираат” цели слоеви население, од кои најголемиот дел се чесни луѓе со искрени патриотски побуди? Одвратни се обидите за политички профит на вакви трагедии.
Има и други “тези”, којзнае од какви причини, некои препознатливи. Некои го уфрлуваат и православието во сличен контекст (притоа, сушта вистина е дека има прилично лажни, коњуктурни “верници”). Целта е иста – замолкнување. Таквите веќе 30 години одработуваат најгнасни проекти и се меѓу главните виновници што сме дојдени до ова општествено ниво на раслојување и морална деградација по сите основи.
Но во едно сите се согласуваме: неказнувањето на злосторствата, какви и да се, само ја влошуваат состојбата. Што е следно?
ФБ статус на Крум Велков






