Македонија Новости Став Топ Вести

Ванковска: Квазипарламентарниот триумвират заробената држава ја претвори во мазохистичка

Ќе видиме какви мерки може да помислат да преземат против единствените двајца опозиционери, но јасно е дека во иднина парламентот сосема ја губи смислата на своето постоење, а пратениците се апаратчици што ќе ги држат на кратко јаже. Ако досега немаше делиберација, дискусија, размена на аргументи (навредите не се бројат), отсега ќе ги нема воопшто. Сега е воведен квазипарламентарен триумвират, а парламентарниот живот и активности се суспендирани.

Се сеќавате на оној фамозен израз „заробена држава“? Е па, оваа сега е најмазохистичката држава за едно „смачкано семе“ (што би рекол Конески), во која парламентот се самоукина. Ликот на координаторот на пратеничката група на ДПМНЕ што ја играше улогата на „камшик“ ќе остане неизбришлив во холот на неславните членови на таа партија, која пасивно или активно помогна да станеме ова што сме сега. Кажете што сакате, ама нормален, а гневен граѓанин не може а да не доживее сатисфакција при покажување среден прст, кажување дека му е преку… и бунтовничко барање да се прекине срамот од седница.

Јас така го доживеав, бидејќи веќе одамна живеам далеку од идеалите и теоријата на парламентаризмот, а горчината од оваа фарса избива на површина. Некој мораше да ги разобличи, некој мораше да го каже она што го чувствуваме, некој мораше…

Макар само ДВАЈЦА од 120 господа и госпоѓи! Овој народ едвај крпи крај со крај, а го претставуваат налицкани и божем културни луѓе без дигнитет и посветени само на личниот интерес.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *