Судскиот совет ја повика Адеми да ги објасни притисоците на политиката врз Врховниот суд
Судскиот совет информира дека испратил писмена покана до претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, во која се повикува на работна средба со членовите на Советот, за, како што се посочува, последните случувања и објавени написи во медиумите за политички притисоци врз судиите во највисокиот суд.
Од Судскиот совет, посочуваат дека како тело кое согласно законот има обврска да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт.
„Во последните неколку дена во медиумите се објавени повеќе написи за политички притисоци врз судиите на Врховниот суд, реакции на политички партии, како и интервјуто на претседателката на овој суд, Беса Адеми. Затоа сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста дека евентуалното вршење на притисоци од каков било вид судиите, е недозволиво и крајно загрижувачко“, посочуваат од Судскиот совет.






