Македонија Новости Топ Вести

Спасовски вели дека во СДСМ не се разговарало за претседателски кандидат


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан денеска во врска со шпекулациите за кавга во СДСМ околу номинирањето кандидат за претстојните претседателски избори изјави дека нема такво нешто – затоа што на оваа тема сè уште не ни било разговарано во партијата.

Спасовски, чие име се споменува во политичките кулоари како можен кандидат за шеф на државата од страна на СДСМ, беше прашан и за детали од минатонеделниот координативен состанок на стратегискиот тим за европскиот пат, на кој присуствуваше и поранешниот претседател на партијата Зоран Заев.

„Прво, разговаравме за многу теми и прашања кои се од заеднички интерес, и државен и партиски. Второ, не може да стане збор за никаков конфликт за прашање како што се претседателските избори, затоа што не се отвори тоа прашање и за тоа не се разговара во партијата сè уште. Кога ќе дојде време, ќе разговараме и низ дијалог ќе се утврди тоа што е најдобро. За нас што е важно? Важен е европскиот фронт, таа опција која нуди извесност на државата и граѓаните да ја добие довербата од граѓаните“,изјави министерот.

За присуството на Заев на состанокот и каков придонес може да се очекува од него, Спасовски рече дека сплотеноста околу одредена идеја е најважна за успех и дека секој е добредојден во европскиот фронт.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *