„Илинденка“, првото летало на македонската авијација, изложено во Стенковец
Првото летало на македонската авијација – „Илинденка“ е изложено денеска на спортскиот аеродром Стенковец, каде се одржа свеченост со голем аеромитинг по повод 100 години македонска авијација.
Илинденка е произведена во фабриката „20 Мај“ во Скопје. Првиот лет со едрилицата е изведен во 1955 година, а ќе остане запаметена по своето учество на светското едриличарско првенство во Полска, во 1958 година, како дел од тогашната репрезентација на СФРЈугославија.
-Оттогаш до денес овој воздухоплов беше во Воено техничкиот музеј во Белград, и благодарение на одличните односи коишто ги имаме и со претседателот на Србија, со министерот за надворешни работи Србија и благодарение на нивна помош на директорот на ВТМ во Белград, овој воздухплов денес е во Скопје каде што му е и местото, рече на свеченоста премиерот Димитар Ковачевски, забалагодарувајќи се на српските власти за тоа што еовозможено да се претстави првото летало на македонската авијација.






