Државата и Локалната самоуправа тотално незаинтересирани за враќање на моштите на Брашнаров во Македонија
На денешен ден 2011 година заедно со Дано и Тевчев, на Мирогој во Загреб го пронајдовме вечното почивалиште на првиот претседавач на АСНОМ, народен трибун и омилен велешки учител Панко Брашнаров. Од 2011 година до денес се сменија (мислам) четири парламентарни состави по 120 пратеници значи вкупно 480 луѓе. Ако на овие им ги додадеме 84 советници во Општина Велес ќе добиеме цифра од 564 луѓе, кои имале можност да бекнат, ама мачето им го изело јазичето па со една единствена реченица, не нашле за сходно да проговорат околу враќањето на моштите на Брашнаров во Велес. Во меѓувреме се изнагледавме пластични патриоти и македончишта на батерии кои чекаат кутрите некој да им се јави како би се здобиле со сопствено мислење. За воља на вистината, пред два месеци (или три) Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука за формиранње на комисија која ќе отпочне процесни дејства за што поскора ексхумација и враќање на посмртните останки на Брашнаров од Хрватска во Македонија. Секако погодувате дека Советот на Општина Велес, оттогаш до денес нема мрднато со малото прсте во оваа насока (а работата беше да не се чека повеќе туку час поскоро…бла бла бла). И после овој текст никој нема да реагира (еве ќе видите). Ќе ќутат и ќе се надеваат дека денот ќе помине а постов ќе се заборави.

Недај Боже (би рекол народот) некој новинар да праша некого нешто на тема враќање на посмртните останки на Панко во Велес. Тоа нема да го дочека(ме)те. Такви новинари нема.
Евентуално некое ботче ќе заџврека, ама нив тоа им е работа, за тоа земаат плата.
Да резимирам, еве мене можеби не ми е јасно, можеби на некој од вас му е побистро во главата, па ќе наведе една единствена добра причина, на што се должи ваквиот индолентен однос на локалните, и државните власти во поглед на враќањето на Панко од Загреб во Велес.
Не дека не сум размислувал, ама причина искрено не можам да најдам. Би ви бил многу благодарен за секоја помош во оваа насока. Просто само како одговор на прашањето ЗОШТО БРЕ, ЗОШТО НЕ МРДАТЕ СО МАЛИОТ ПРСТ ДА ГО ВРАТИТЕ ПАНКО ВО ВЕЛЕС ?!!! СРАМОТА Е БЕ 12 ГОДИНИ СТАНАА ЕЕЕЕЕЈ !
Да завршам…
Малкуцка се..големите, саканите ,заслужните, почитуваните, патриотите, МАКЕДОНЦИТЕ…за коските да им ги оставаме рассеани, насекаде во светот.
Ајде бре конечно да си ги прибереме дома !!!
Своерачно : Kukuleff
Ден : Денешен
Година: Тековна
ФБ статус на Александар Сашко Кукулев






