Македонија Новости Свет Топ Вести

МПО ќе се бори „сите етнички Македонци да бидат обединети“

Новото подмладено раководство на Македонската патриотска организација во САД најавува нов пристап и кон Македонија и кон Македонците


Новото раководство. Претседателот Метју Стефанов втор од лево во првиот ред

Целта на Македонската патриотска организација (МПО) е „сите етнички Македонци да бидат обединети и Македонија да биде за Македонците“, изјави новиот претседател на МПО Метју Стефанов по одржаниот 101. конгрес на организацијата во Колумус, Охахо, САД.

Во разговор за бугарски Бгнес Стефанов избегнува да спомене дека еничките Македонци се македонски Бугари иако вели дека организацијата е создадена во 1922 година, според она што го пишува во нејзиниот устав од „македонски Бугари дојдени во Северна Америка“. Тоа, според Стефанов, е базирано на идеологијата при создавањето на организацијата. Но тој прави дистинкција и вели дека и „Бугарите се повеќе од добредојдени да се придружат како дел од нас, да слават годишнини со нас, да присуствуваат на конгреси и да учествуваат на сите идни настани“.

Метју Стефанов (син на долгогодишниот член на раководството на МПО, Ник Стефанов, инаку роден во Канада) како дел од драстично подмалденото раководство на организацијата му ги објаснува на новинарот на Бгнес своите цели:

„Мојата мисија ќе биде да продолжам да ја промовирам организацијата, вклучувајќи ги сите Македонци, да ја вратам идејата на Македонија за Македонците, да ги прифатиме сите сите што се идентификуваат како Македонци“.

Поранешниот македонски министер за екологија, Тони Поповски, во колумна за порталот „Рацин“ пишува дека МПО, во македонската јавност често перцепирана како пробугарска организација, се спротивставила да биде вовлечена во кампањата на одредени кругови во Бугарија и САД официјална Софија на секој начин да го спречи усвојувањето на резолуцијата во американскиот Сенат септември да биде прогласен за „месец на македонското американско наследство“ со што официјално ќе се искаже благодарноста на македонските Американци за развојот на САД. Поповски ја пренесува и честитката на МПО за 8 Септември – Денот на независноста, која како да навестува промени во идеолошката концепција на организацијата.

Во честитката, меѓу другото, се вели:

„МПО секогаш се бореше за македонската независност и се надева дека ќе го види денот кога Републиката ќе стане наш ‘Израел’. Она што го мислиме со ова е дека сакаме Републиката да биде обединувач на сите Македонци во нејзините граници и во целиот свет, Република со која сите Македонци ќе можат да се гордеат без разлика на нивните политички и етнички определби и Македонија во која оние кои се идентификуваат како етнички Македонци се подготвени да ги признаат оние Македонци кои се идентификуваат како Бугари и обратно“.

МПО јавно се воздржа по однос на било каква осуда или критика на резолуцијата која е поднесена во американскиот Сенат.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *