Kолумни Македонија Новости Став Топ Вести

Дневникот на Sarah Kay: Енигмата среќа

Енигма е…исто колку што е и чудно и необјасниво…колку малку за живот нѝ треба…

Колку мала ронка среќичка завиткана во хартивче, има магија…

Дознаваме кога ќе решиме да ја отвориме, ќе ѝ дадеме простор,ќе дозволиме да се разлее како ѕвездена прашина оставајќи траг насекаде…како меурчиња од сапуница кои брзо ги снемува но сепак се шират и нѐ допираат …како најсочен гриз од зрела лубеница, како најопоен мирис од полски цвеќиња…

Сме си ја чувале и криеле стуткана во џеб од старо износено палто…заборавено и фрлено настрана,

убедени дека не ѐ за нас…дека не нѝ припаѓа,дека не ја заслужуваме…

На таа мала среќичка, јас ѝ подарив небо…

И нека сум луда, ќе ѝ дарам светлина со ѕвезди, ќе ја гушкам со облачиња, ќе ја топлам со Сонце…таа среќичка ме прави среќна…ме прави жива…

Моја е, Бог ми ја подари…

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *