Македонија Новости Топ Вести

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во амбасадата на САД


Во еден ден две средби на преставници на ВМРО-ДПМНЕ со високи меѓународни преставници. Во седиштето на партијата се оствари средба на лидерот Христијан Мицкоски со евроамбасадиорот Дејвид Гир  на која се разговарало за актуелната економска и политичка состојба во Македонија, како и за реформите кои земјава треба да ги спроведе, а кои се важни за нејзиниот пат кон ЕУ.

Паралелно, во амбасадата на САД заменик шефот на мисијата Ерик Мајер беше домаќин на група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за да разговараат за актуелните политички случувања, можности и предизвици и како САД можат да продолжат да ја поддржуваат Македонија.

Средбите дојдоа по престојот на делегација на ВМРО-ДПМНЕ на Брисел. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *