Соња Манџук
Се натерав себеси / ветив, а зборот треба да се одржи/ да седнам пред отворен ворд
документ. Колумна ќе сум пишувала. Си пуштив музиче и… се таласав на бран акорди,
додека си блеев пред празниот лист што треба да го истипкам, со прашање -за што да
пишувам, што да издвојам од тој конгломерат од актуелни дешавки и ликови и нивни
изјави, на коишто пола народ се пресвиткува од смеење, ако не се гневи, и да го
склепам во нешто ко колумна нели, за што реално, и немам некое големо искуство.
Веројатно како и сите вие што пишувате колумни,а не го изумувате и фактот дека пола
фб -заедница има статуси кои комотно можат, ако малку се развлечат, како овој
непотребен а и непрофесионален увод, да се наречат колумна. И тоа издржани
политички анализи на дневно-политички теми, но и надворешно политички и
геостратешки. Сериозни и по суштина, но и токму такви како што една колумна по
дефиниција треба да биде- со саркастичен приказ на актуелните нешта.
Тука ми се наметна и прашањето чуму колумнисти, па ја сменив музиката и станав
потемелно да се размрдам. Физичката активност го разбиструвала умот. Направив
неколку робот-покрети и ми текна на ВИ, на вештачката интелигенција. Еурека, ќе
речев, но одлучив да бидам посериозна. ВИ е сериозна алатка што може да го
редифинира човештвото, а не пак, колумнистите, новинарите, писателите,
уметниците.Се надевам дека нема да ми падне на памет да ја направам ко-автор кога ќе
седнам да го пишувам романот што трпеливо ме чека.
Морам да признаам дека ми падна на ум да ја искористам. Ќе и зададам и наслов,веќе
два дена го имам во глава- СЕВЕРЕН АПСУРДИСТАН, СЕКОЈ ДЕН, ВО СЕКОЈ
ПОГЛЕД, СЕ ` ПОВЕЌЕ БЛЕСКА. Материјал има непресушен и за статија и за есеј, а
не е исклучено да склепа и драма на апсурдот. Стриктно ќе и насочам- колумна!
Станав љубопитна дали ќе почне од познатата сентенца на Емил Куе- секој ден, во
секој поглед, се повеќе напредувам и дали зборот блеска ќе ја збуни или веднаш ќе ја
асоцира/ наведе/ на еден бивш црпнат премиер, сега хуманист со невладина
организација/ Фондација Заев- Едно општество за сите. Ако не затрепка црвено кај
црпнат. Се гледа дека немам искуство /ни/ со ВИ. Дали ќе треба да се држам до она- да
ја нахранам мачката и да не ја пипам тастатурата?
Мислам дека ќе треба да и зададам некои референци, параметри, имиња, изјави. Од
каде да почнам, клучно прашање е сега? Од Таче таканаречен Ќурка и ќе го препознае
ли? Има информации дека двапати дава оставка а Талат не му ја прифаќа. Истиот,
ниту потврдува ниту негира. Го има ли ВИ во база на податоци и да не го иденификува
со Артан Груби? Малку ќе треба да ја информирам. Таче е премиер на нивната северна
земја а всушност и не избран како таков, туку е наместен, по некој исклучок во
правилото- како наследна функција е од бившиот премиер кој истотака е исклучок од
правото и правилото. А не е ниту цар, ниту крал, тој што го предава наследството.
Освен во главите и срцата на неговите истотка, на некој начин црпки од фанови. А,
ниту му е од дедо му дадено, пренесено, наследено. Мислите ли дека ќе се снајде?
Талат. Ќе ја упатам- Талат е нелегално избран за спикер на Собранието. Го избраа со
дигање на две раце за да биде избран и што тука не е јасно? На девети мај, колку чуден,
неслучаен датум, Службен весник го официјализира нелегално избраниот спикер. Се
очекуваше Иванов ( немој само да ми бараш подетални информации плиииз! ) да им
даде мандат, па да можеме официјално да ја прогласиме државата за фалсификат.
Игнорирај ВИ, тоа не се случи! А, и ова баш и не е актуелно, иако се ликовите многууу
актуелни. Да не забравам да ја прашам и дали може да ме следи! Но и јас треба да се
потрудам за да може да ме следи. Значи- Премиерот на нивната северна земја,по некои
информации, два пати дава оставка, но спикерот не му ја прифаќа. Дури ни јас не знам
дали спикерот е тој што може да кине оставки, па ќе имам разбрање ако ни ВИ поим
нема. Првиот пат кога толпа народ протестираше против бугаризација. Знаеш ли ВИ,
кога беше актуелен француско -бугарскиот предлог? Немој да зуиш ВИ, се` уште е
многу актуелен! Некои евроамбасадори ни велат дека треба да го фатиме моментот! Се
надевам дека нема да те асоцира на -зграпчи го денот! Сентенца со фотографија од
еден весник во северната кога се уште не беше северна. Фотографијата беше со
разголена и бујна женска особа и по пол и по род, несомнено. Сега, кога би ја имало, не
би било сосема јасно дали е женска особа по пол или е женска особа по пол а по род е
со чувство на маж или обратно,но да не комплицирам и со оваа дигресија.
Почнувам да мислам дека сама себеси се саботирам во овој процес. Намерно
заборавив да кажам дека тнр премир, би се отселил, го барале да работи во Америка.
Или се плашам дека додатно ќе и ја комплицирам работата на ВИ. Ќе мора и
претеседателот на северната им земја да го спомене. Сигурно ја има во датотека
неговата изјава- да не бев претседател ќе се отселев од оваа држава. Па,ќе мораше да се
референцира и на министерот за здравство кој, неодамна, во напад на искреност, ни
кажа дека тој не би се лекувал во штипската болница.
Поради тоа што непрофесионално почнав да комуницирам со ВИ, развив и непотребна
емпатија, страв ми е да и ги дадам следните информации- Транспарентен непотизам.
Таен договор за изградба на коридор. Губернерката од Калето го поддржува иако во
нејзината земја истата компанија има забрана за работа поради криминал и корупција.
Од ЕУ не се согласувавт со употреба на тнр. европско знаменце. Држи се ВИ! Има
уште! Има многу уште, но само уште нешто- лидерот на конструктивната опозиција!
Нема логика, знам, апсурдно е, но и темата ти е на таа тема! И истражувај, копај ВИ,
подлабоко копај, до дипшитот оди! Ние не сме локална приказна ВИ!
Станав да се размрдам. Релаксирај се и ти ВИ. Да ти го предложам Stiv Morgan- My
angel ,Музика за душа. Не сум малициозна ВИ, знам душа немаш, но има и многу луѓе
коишто ја немаат, па ништо не им фали.
Да се вратиме на темата СЕВЕРЕН АПСУРДИСТАН, СЕКОЈ ДЕН ВО СЕКОЈ
ПОГЛЕД…. Лидерот на опозицијата, Мицкоски. Само немој да ми филозофираш и да
ми го цитираш Алберт Ајнштајн – Лидер е оној што од неред формира едноставност,од
раздор креира хармонија и од тешкотии креира можност. Само доведи ги во логичен
ред неговите изјави- Не постои лева или десна Македонија, постои само Македонија.
А, северна му е реаланост! И ова- Цело ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе остане на бродот
кон европската унија. А, бродот на европската унија нема да полови без Бугарите да ги
внесеме во Уставот. И немој, немој, да го спомнуваш Титаник! Ниту народот
македонски. Само граѓанин, коси црти е. //////////. Во полувертикала е, се релаксира, се
одмора, спие.
Онаа заебанција што нашите северни соседи и ја правеа на ВИ со прашањето – Е*беш
ли нешто, е детска шега во споредба со оваква зададена задача- напиши колумна со
наслов Северен Апсурдистан секој ден во секој поглед…