Денес, на Денот на победата над фашизмот, членови од Локалниот огранок на Левица во Ѓорче Петров оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред спомен-плочата подигната во чест на паднатите борци од НОБ во Реонскиот парк.
На овој датум се сеќаваме на храброста на големиот број херои и огромниот број жртви, кои беа дадени за победа врз силите на сите оние кои за време на Втората светска војна застанаа на страната на теророт и најгрубото газење на човековото достоинство и цивилизациски норми.
Агресијата е сѐ уште присутна, во поразлична форма, но со иста подјармувачка, асимилаторска тенденција – настојувајќи да се обезличи македонскиот народ… Македонскиот народ низ историјата трпел бројни неправди, злодела, притисоци, насилства, поделби и окупации – но, никогаш не дозволил да биде скршен неговиот дух за национална и социјална слобода.
Да бидеме ние генерациите кои гордо и достоинствено ќе го возобноват антифашистичкиот и борбен дух на нашите предци!Наша должност е да го негуваме аманетот на нашите предци, ослободители – нивните идеали, борбен дух, како и достоинствено да застануваме на правилната страна.
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ!