Kолумни Македонија

ВИЕ СТЕ СИ СЕ” ШТО ИМАТЕ

Пишува Александар Сашко Кукулев

Политиката е пресериозна работа, за да би била оставена, за неа директно да одлучува народот. Оваа девиза која со векови се спроведува на “грбавата планета”, повеќе или помалку добива на значење во одредена етапа од животниот циклус, кој полека но сигурно ги надминал романтизмот и идеализмот како нус појави на сопственото “вјерују”.Денешниов текст можеби и немаше да настане, ако случајно не го изгледав интервјуто со Радомир Павичевиќ Гроф, на еден од балканските подкасти. Инаку посочениот лик е бивш припадник на југословенската тајна служба и дел од военото југословенско разузнавање. Човекот, онака “ладно” се истопорува со тврдење дека водачот на четничкото движење Михаиловиќ, на кого во Србија божемски му ги бараат коските и местото каде што е закопан, си умира спокојно во Америка 1957 година. Англичаните и американците му дадоа преголема поддршка на народноослободителното движење, за да не можат да се испазарат со (маршалот нели) и тајно да го евакуираат на американскиот континент. Сите среќни и задоволни. Додека се забавувате со овој текст сетете се само дека и другарот Тито не можел да си го најде патот до родната куќа во Кумровец ,кога во педесеттите години, (веќе како претседател) го донеле да си го посети родното село. Тоа дека и најдобриот другар од детството Пепек (тие што ја читале „Книга за Тито“ од Франце Бевк, знаат за што зборувам) не си го познал другарчето со кого палавееле чувајќи ја стоката покрај Сутла. Во мојот роман “Патувањето ма Петар Келемен” донесов еден опис од сведочењето на  хотелската послуга во хотелот „Хегр Кост“ од Авињон, во кој, ако евентуално правиме фото робот од дадените изјави на вработените, повторно ќе ги исцртаме контурите на (Ам)Броз, како лик кој им го донел оружјето на усташките атентатори и Черноземски, непосредно пред атентатот во Марсеј 1934. Зошто го пишувам ова. За да биде појасна првата реченица со која го започнав текстот. Така полесно ќе се помириме со фактот дека освен за неколку ситници од сопствените животи, апсолутно и воопшто не учествуваме во донесувањето на одлуки што се однесуваат на нас, најчесто со мотивација дека се носат поради нас. Ако на пример, си поставите неколку прости прашања , можеби сами ќе го дознаете одговорот. Тоа никако не се тешки и сложени дилеми за кои треба силно да се напрегате, напротив, нека бидат актуелни и од светот што вас ве окружува. Еве запрашајте се, како вие одлучивте за склучување на договорот со Бехтел, како одлучивте за променетото име на вашата земја, како одлучивте на кој начин и според кој метод ќе се направи попис во земјата, како одлучивте кој ќе биде ваш кандидат за градоначалник, како одлучивте вие, чии имиња ќе се најдат на листите на советници или пратеници во вашата изборна единица, како вие одлучивте кои имиња и со кои прерогативи на стручност и компетентност, од позиција на членови на комисија за историски прашања ќе ви ја менува историјата во ваше име.. како вие одлучивте која личност ќе биде претседател на вашата влада….и така во недоглед. Ако одговорот е “Никако”, тогаш сге на најдобар пат, за конечно да сфатите дека вие самите, сте си се што имате !

Ќе завршам како што започнав. Политиката (каква и да е) е пресериозна работа да би му  била оставена на народот !

ReplyForward

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *